Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Парот кој по осум години неплодност доби два пара идентични близначки во шоуто на Елен

ВИДЕО: Парот кој по осум години неплодност доби два пара идентични близначки во шоуто на Елен

Сигурно се сеќавате на приказната на Ешли и Тајсон Гарднер, пар кој по осумгодишна борба со неплодноста доби четири ќеркички. Имено, во октомври 2014 година фотографиите од реакцијата на Ешли на веста дека носи два пара идентични близначки станаа хит на интернет, а потоа парот ја сподели својата животна приказна.

Брачниот пар од Јута не можел да добие дете осум години поради тоа што Ешли страда од ендометриоза. Тие се одлучиле за ин витро, но докторите им рекле дека имаат само 40% шанси да добијат дете. Среќата била неизмерна кога дознале дека ќе имаат не едно, не две, не три, туку четири деца.

Неодамна, среќната мајка сними кратко видео, во кое се крие од своите деца за да се почести со слатки. Снимката за кратко време се распространи на интернет затоа што многу родители се пронајдоа во неа, а Елен Деџенерис не пропушти да го покани семејството Гарднер во своето студио.

Иако слатките Еванџелин, Инди, Есми и Скарлет се родија во 29. недела од бременоста и тежеа по помалку од 1 килограм, сега се разиграни и активни 2-годишни девојчиња, кои успеаја да ги освојат сите во студиото.

Погледнете како изгледаат девојчињата денес:

Ешли редовно споделува фотографии од своите малечки на профилот на Instagram:

Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Гарднер Ешли и Тајсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11476 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.