Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Ослабел 200 килограми и воодушеви на „X Factor“

ВИДЕО: Ослабел 200 килограми и воодушеви на „X Factor“

„X Factor“ уште еднаш донесе на сцената голем глас. Фреди Комбс продре во срцата на публиката и жирито не само со својот глас, туку и со својата решителност да си го промени животот и еден ден повторно да застане на нозе.

40-годишниот Американец беше донесен на сцената во инвалидска количка поради дебелината. Моментално тој има 245 килограми, но пред неколку години неговата тежина била речиси двојно поголема.

Фреди раскажа дека во 2009 година бил на работ на смртта. Тогаш имал 417 килограми, но со здрава исхрана и физичка активност успеал да ја преполови тежината.

„Се надевам дека судиите ќе преминат преку мојот надворешен изглед и ќе му дадат шанса на дебелото момче“ – рече Фреди пред да ја исполни „Wind Beneath My Wings“.

Неговата емотивна изведба беше одлично прифатена и судиите му дадоа зелено светло за да продолжи во шоуто.

Фреди го напушти шоуто со уште поголем мотив за слабеење, за наскоро да запее на сцената стоејќи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.