Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Осамен старец трогнат до солзи од емотивно божиќно изненадување

ВИДЕО: Осамен старец трогнат до солзи од емотивно божиќно изненадување

Ученици му приредија емотивно божиќно изненадување на осамен старец и нè потсетија дека и постарите лица имаат потреба од внимание за време на празниците.

78-годишниот Теренс веќе 20 години е сам на Божиќ. Откако во емисија на BBC споделил дека е осамен и дека нема ниту новогодишна елка, водителот одлучил да го изненади. Тој однесол во неговиот дом елка украсена од ученици, а потоа хор му ја запеа божиќната песна „Silent Night“. Чувствителниот пензионер не можеше да си ги задржи солзите.

Видео

Во интервјуто со водителот Ден Вокер, Теренс открил дека порано го поминувал Божиќ со мајка си и дека секогаш ѝ готвел и ѝ подарувал подарок. Но, сега нема кој да го прави истото за него, па токму поради тоа, ова изненадување било толку специјално за него.

„Еден ден, никогаш нема да ја заборавам кога ми рече: ‘Знаеш, ако те немав тебе да ми носиш подароци за Божиќ, немаше да имам воопшто подароци, зарем не?’ Често мислам на тоа сега. Луѓето кои се сами не добиваат подароци од луѓе“ – рекол натажено тој.

Во студиото на BBC Breakfast, Теренс открил дека во минатото Божиќ не бил многу добар ден за него, но дека оваа година ќе биде поинаку. Како волонтер во организација, тој запознал 90-годишна дама со деменција и планира да оди на вечера со неа на Божиќ. Од BBC му ветија дека ќе му подарат елка украсена со помош на нивните гледачи. Токму тоа и го направија.

Видео

Па, дали планирате да ги посетите вашите баби и дедовци за време на празниците? Не заборавајте да им купите мал подарок, кој ќе има големо значење за нив.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.