Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Македонка која се излечи од коронавирусот од дома пее за сите медицински лица и пациенти кои сè уште се борат во болница

ВИДЕО: Македонка која се излечи од коронавирусот од дома пее за сите медицински лица и пациенти кои сè уште се борат во болница

Михаела Јаневска е еден од 12-те пациенти во земјата кои го победија коронавирусот и се пуштени дома.

Младата девојка сними видео во кое ја пее „Stand By Me“, за да ги охрабри останатите пациенти кои се сè уште во болница и се борат со вирусот.

„Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејќи своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се сè уште во болница. Ова е за вас“ – пишува Михаела.

Михаела, која се сомневала дека е заразена со Ковид-19, патувала со маска и ракавици во авион од Барселона за Скопје.

По пристигнувањето, таа се пријави за тестирање, беше хоспитализирана и не зарази ниту еден друг патник во авионот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8896 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.