Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Заљубен маж ѝ предложи брак на саканата со помош на штотуку роденото синче

ВИДЕО: Заљубен маж ѝ предложи брак на саканата со помош на штотуку роденото синче

Најсреќниот ден за еден родител е раѓањето на неговото мало чедо. Заљубен маж пронајде начин како да го направи тој ден уште поспецијален за себе и за својата сакана.

Неколку часа по станувањето татко, Дарик Мид ѝ предложи брак на својата девојка Сузан Медина, а за романтичниот момент да биде незаборавен, тој доби помош од своето новородено синче.

Во видеото, Дарик ѝ го дава малиот Рајдер на Сузан, која сè уште лежи во болничкиот кревет, за таа за првпат да му ја промени пелената. Прашањето „Мамо, ќе се омажиш ли за мојот Тато?“ е напишано на шпикозните на малото момче. Среќната мајка не може да си ги задржи солзите.

Во тој момент, Дарик клекнува на едно колено и со блескав прстен го поставува големото прашање. „Отсекогаш ми беше најдобра пријателка. Знаеш дека те сакам уште од првиот ден. Не може да бидам посреќен, отколку што сум со тебе и со мојот син сега. Сузан Медина, ќе се омажиш ли за мене?“ – ѝ вели Дарик. Одговорот на Сузан секако е „ДА“.

Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.