Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Девојка која го победи ракот на 15 години ја расплака публиката во шоуто на Елен

ВИДЕО: Девојка која го победи ракот на 15 години ја расплака публиката во шоуто на Елен

Девојка, која на 15-годишна возраст го победи ракот, ја испеа својата омилена песна „Fight Song“ и насолзи многу очи во шоуто на Елен, а подоцна и низ целиот свет. Таа пееше рамо до рамо со пејачката Рејчел Плетен, која стои зад хитот кој им служи како мотивација на многу лица кои минуваат низ тешки периоди.

На почетокот од видеото, 16-годишната Кели Бевиер објаснува дека на само 15 години ѝ бил дијагностициран рак на јајникот за што морала да биде подложена на операција и на хемотерапија. За среќа, таа во моментов е во ремисија.

Кели првпат јавно ја испеа песната на хуманитарен настан за дете болно од рак и го привлече вниманието на Елен, која ја покани во своето шоу. Видеото од изведбата досега е прегледувано речиси 27 милиони пати на Facebook.

This is her fight song.

Posted by Ellen DeGeneres on четврток, 3 декември 2015

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11497 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.