Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Даниел Кајмакоски и Фифи продолжија во полуфиналето на „X Factor“

ВИДЕО: Даниел Кајмакоски и Фифи продолжија во полуфиналето на „X Factor“

Македонците беа исправени пред нова елиминација во „X Factor Adria“. Жељко и Кристина ги избраа своите фаворити, а Даниел Кајмакоски и Филип Јаневски – Фифи се најдоа меѓу нив.

Даниел со солзи ја дочека веста на Жељко дека продолжува во полуфиналето. Талентираниот 29-годишен натпреварувач ја испеа „When I Was Your Man“ од Бруно Марс.

Фифи настапи заедно со Маринела Џогани со песната „I Was Here“ од Бијонсе.

Браќата Раденови не успеаја да ја убедат Кристина дека го имаат она што е потребно за да продолжат понатаму.

За големата одлука Жељко ја доби помошта на Тони Цетински, додека на Кристина во изборот ѝ помагаше Леонтина Вукомановиќ.

Првата емисија во живо ќе се емитува на 7 јануари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.