Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Бесценета реакција на баба кога ќе ја запознае внуката која син ѝ ја посвои без да ѝ каже

ВИДЕО: Бесценета реакција на баба кога ќе ја запознае внуката која син ѝ ја посвои без да ѝ каже

Што е подобро од божиќно изненадување? Две божиќни изненадувања. Ива Гоб од Индијана е среќничката која ги доби двата најубави подароци за празниците – неочекувана посета од нејзиниот син со сопругата и запознавање на малата внука која не знаеше дека тие ја посвоиле. Нејзината возбудена реакција е овековечена во видео кое ќе стане бесценет спомен за целото семејство.

Нејзиниот син Дони и сопругата Миранда неколку години се обидувале да посвојат бебенце, па затоа Ива не знаела дека нивната огромна желба да имаат дете конечно се исполнила. Малечката Мелиса Фејт се родила на 8 декември.

„Избравме да не им кажуваме на нашите семејства. Сакавме да ги заштитиме нашите срца и нивните. Не знаевме какви ќе бидат резултатите од нашите обиди за посвојување. Откако бебето официјално беше кај нас, за да стане наша ќерка, одлучивме дека тоа не е вест која треба да биде соопштена по телефон“ – рекла Миранда.

Видеото за само пет дена е прегледувано речиси 4 милиони пати на YouTube.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11212 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.