Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Бездомник кој свири на пијано стана интернет сензација

ВИДЕО: Бездомник кој свири на пијано стана интернет сензација

Видео од бездомник од Флорида кој свири на пијано на улица го обиколи светот.

Доналд Гулд свири на пијано секој ден со цел да собере доволно пари за храна. Тој трогна илјадници луѓе со својата музика, но и со животната приказна.

Видео

Гулд живее на улица 6-7 години. „Спијам под ѕвездите секоја ноќ, освен кога врне“ – рекол тој.

Додека служел меѓу маринците, 51-годишниот Американец свирел на кларинет, а потоа патувал низ целиот свет со симфониски бенд. Студирал на „Spring Arbor University“ со идејата да стане учител, но не успеал да го заврши факултетот, бидејќи не можел да ја плати школарината.

Откако се откажал од студирањето, работел на неколку различни работни места пред да се ожени и да добие син. Но, во 1998 година неговата сопруга починала и Гулд западнал во депресија.

„Ме седнаа и ми кажаа што се случило, дека мојата жена починала и јас целосно се изгубив“ – рекол Гулд. Поради неговата состојба и неговата борба со зависност, тој го изгубил старателството над својот син.

Откако видеото стана хит, Гулд добил понуда од локален бар за да свири и да ги забавува гостите. Веќе е направена и страница за донации за тој да може да го заврши факултетот и да си го оствари сонот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.