Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: 2-годишно детенце го спаси братчето близнак врз кое падна комода

ВИДЕО: 2-годишно детенце го спаси братчето близнак врз кое падна комода

Родители споделија домашно видео од незгода за да ја подигнат свеста за опасноста од неприцврстени комоди во дом во кој живеат мали деца.

На почетокот на видеото, 2-годишните Брок и Боуиди Шоф си играат во детска соба додека нивните родители се во соседната соба. Во еден момент, малите близначиња започнуваат да се качуваат во фиоките на комода и ненадејно таа паѓа заглавувајќи го Брок.

Иако му е потребно малку време, Боуди успева да ја истурка комодата и да го ослободи својот брат.

Родителите изјавија дека не слушнале ништо и дека се двоумеле дали да го објават видеото онлајн. Сепак, на крајот решиле дека е многу важно да ја споделат незгодата за да потенцираат дека сите шкафови во домови со мали деца мора да се прицврстени за ѕидовите.

„Обично слушам сè. Не слушнавме плачење, не слушнавме силен тресок. Се разбудивме, погледнавме во камерата со помислата што се случува и дали уште спијат, а ја видовме комодата падната“ – изјавила мајката.

Кога таа и сопругот влегле во собата, момчињата сè уште си играле и за несреќата дознале кога ја прегледале снимката од камерата. За среќа, двете момчиња поминале без ниту една гребнатинка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11868 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.