Почетна » Новости » Занимливости » Вакви луѓе ни се потребни: Професорка и ученици го чистат ѓубрето низ Битола

Вакви луѓе ни се потребни: Професорка и ученици го чистат ѓубрето низ Битола

Професорка за пример од Битола со својот клас направи неделна акција за чистење на ѓубрето зад Новиот пазар. Таа вели дека со акцијата „Мети си со Класнето“ сака да мотивира и други наставници за ова на некој начин да стане традиција и да ја подигне свеста кај оние кои ја загадуваат околината.

Марија Магдалена Петковска Микаровска со учениците од II-6 од Средното медицинско училиште „Јован Калаузи“ самоиницијативно чистат ѓубре низ Градот на конзулите.

Марија Магдалена Петковска Микаровска Марија Магдалена Петковска Микаровска Марија Магдалена Петковска Микаровска Марија Магдалена Петковска Микаровска

Откако го исчистија просторот околу Домот за доенчиња, вчера, нивна цел беше ѓубрето зад Новиот пазар. Марија Магдалена на Facebook сподели фотографии „пред и потоа“ и напиша дека е среќна што овој пат во акцијата учествувале околу 60 лица.

„Се собравме околу 60 луѓе. Winners!!!!! Не ми се веруваше искрено, сите со максимум мотивација за работа. Исчистивме голем дел од ѓубрето. Втора 6 на ниво на задачата. Имавме родители на децата, имавме луѓе кои го виделе повикот и сакаа да помогнат. Имаше случајни минувачи кои се приклучија и такви кои нè гледаа како да сме вонземјани“ – напиша таа.

Марија Магдалена Петковска Микаровска Марија Магдалена Петковска Микаровска Марија Магдалена Петковска Микаровска Марија Магдалена Петковска Микаровска Марија Магдалена Петковска Микаровска

Претходно, инспиративната професорка ги објави нејзините цели, меѓу кои се: „Да се оттргниме од монструозната зависнот од телефоните; Да научиме и примениме општествено-корисна работа; Да научиме да не чекаме на благодарност од никој и да правиме добри дела без да чекаме да имаме корист или нешто за возврат за истите; Да мотивираме други наставници и класови ова да им стане традиција“.

„Ова е предизвик за сите класни раководители низ нашиот град да го направат истото. И да го прават секојдневно без очекување на сертификат за благодарност, бидејќи најголемата благодарност е примерот кој го даваме. Ова сме ние и ова е тек почеток!“ – пишува професорката, која вели дека акцијата ќе продолжи и следната недела.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.