Војвотката Кетрин и принцот Вилијам не ја пропуштија традиционалната парада на ирската гарда по повод Денот на Св. Патрик.
36-годишната војвотка го сокри трудничкото стомаче под елегантно зелено палто од Кетрин Вокер. Во својот стилски избор Кетрин додаде соодветна шапка од дизајнерката Џина Фостер.


За време на церемонијата, сопругата на британскиот принц им врачи на војниците детелина, што е традиција која започнала уште во 1901 година.









Вилијам и Кетрин следниот месец ќе го добијат своето трето дете.



















