Почетна » Новости » Занимливости » Браво! Универзитетот во Крагуевац ги ослободува трудниците и новите мајки од трошоци за студирање

Браво! Универзитетот во Крагуевац ги ослободува трудниците и новите мајки од трошоци за студирање

Универзитетот во Крагуевац им ги олесни условите за студирање на трудниците и новите мајки. Имено, сенатот на Универзитетот одлучи бремените студентки и студентките кои имаат бебе до една година да бидат ослободени од партиципација и какви било трошоци за испити.

Покрај финансиските олеснувања, од сенатот ги повикуват сите факултети кои се во скоп на Универзитетот да ги ослободат мајките и од задолжителното присуство на предавања и вежби.

Трудница

Оваа позитивна иницијатива е поттикната од студентскиот парламент, поточно идејата е на студентката Сандра Мијаковиќ, а има за цел подобрување на растот на наталитетот, барем на локално ниво.

„Имам мало дете, а сега сум бремена со близнаци. Па многу ми значи намалувањето на трошоците за студирање“ – изјавила една од студентките на Економскиот факултет која е во блажена состојба и веќе ги користи бенефициите на оваа иницијатива.

Сандра изјавила дека ќе започне да се залага и за подобрување на условите за паровите кои наскоро ќе станат родители, а кои живеат во студентските домови. „Идејата ми е да на таквите парови да им се овозможат посебни соби во студентските домови, во кои тие ќе можат да живеат заедно, но и да ги имаат сите неопходни услови за адекватна грижа за децата“ – вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.