Почетна » Новости » Занимливости » БРАВО! Татковци и ќеркички со танц ги изненадија и разнежнија мајките на приредба во градинка во Битола

БРАВО! Татковци и ќеркички со танц ги изненадија и разнежнија мајките на приредба во градинка во Битола

Мајки од Битола добија прекрасно и емотивно изненадување за време на приредбата на нивните малечки.

По иницијатива на воспитувачките, девојчињата кои се на 4 и 5-годишна возраст тајно вежбале кореографија со татковците во градинката „Пролет“, без знаење на мајките. За време на приредбата за Денот на жената, пет татковци танцуваа со нивните ќерки на „Perfect“ од Ед Ширан, а видеото стана хит.

За Фемина, негувателката Елисавета Пауновска сподели дека сè тргнало од желбата да се направи нешто поразлично и потврди дека мајките многу емотивно го доживеале танцот. „Идејата беше да се излезе од клишето и да се направи едно пријатно изненадување за мајките по повод 8 Март.“

„Пробите точно се правеа тајно во градинката, во попладневните часови, без знаење на мајките. Музичкиот дел го предложив затоа што во таа музика имаше приказна, па така сите три и воспитувачката која е нововработена и музичкиот соработник направивме нешто што навистина предизвикува лава од емоции и солзи, и кај нас.“

„Мајките беа збунети и не знаеја што се случува. Во секој случај, тоа беше настан кој ќе влезе во колективна меморија и на родителите и на децата. Едноставно премногу емоции на едно место“ – изјави таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9505 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.