Почетна » Новости » Занимливости » Браво дечиња! Мали македонски танчери се СВЕТСКИ ШАМПИОНИ во Латино Шоу

Браво дечиња! Мали македонски танчери се СВЕТСКИ ШАМПИОНИ во Латино Шоу

Танчерите од Eat The Beat од Скопје остварија неверојатен резултат на Светското првенство во Латино и Синхро кое се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

По пауза од една година, тие повторно ја освоија титулата Светски шампиони во детска категорија. Покрај оваа титула, тие освоија уште две значителни награди:

  • 3-то место, бронзен медал во Синхро Денс, детска категорија и
  • 4-то место, во Латино Шоy, возрасна категорија - најмасовната и најсилна конкуренција во оваа танцова дисциплина.

Станува збор за членови на Македонската Асоцијација за Модерни Танци која реди успеси на Светското првенство. Покрај Eat the Beat, Македонија ја претставуваат и танчерите на Expose од Битола. Двата клуба имаат 5 пласмани на пиедесталот, но во детска категорија, повеќе од заслужено ја понесоа титулата Светски шампиони, оставајќи ги Италија и Србија на второто, односно третото место.

Eat The Beat Eat The Beat Eat The Beat Eat The Beat Eat The Beat Eat The Beat Eat The Beat Eat The Beat

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11157 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.