Почетна » Новости » Занимливости » Болница им овозможува на децата со мини автомобил да одат на операција за да им го намали стресот

Болница им овозможува на децата со мини автомобил да одат на операција за да им го намали стресот

Операцијата е страшна без разлика дали имате 5, 15 или 55 години. За да им ги намали стресот и анксиозноста на најмалите пациенти, болница од Калифорнија им овозможува да влезат во операционата сала со стил.

Тие им даваат можност на децата да си изберат еден од двата мини автомобили и со него да одат на операција. Целта е да се намали стресот, анксиозноста и стравот кај децата пред хируршкиот зафат.

Дете

„Кога децата ќе дознаат дека ќе можат да влезат во операционата сала возејќи се во мал кул автомобил, тие се расположуваат и во најголем дел од случаите нивните стравови исчезнуваат. Дополнително, кога родителите ќе ги видат дека на нивните деца им е полесно, и ним им олеснува“ – вели медицинската сестра Кимберли Мартинез од Doctors Medical Center од Модесто, Калифорнија.

Дете

Мартинез тврди дека вработените во болницата уште веднаш го почувствувале позитивниот ефект од нивниот метод кај малите пациенти. „За малите пациенти може да биде голема траума да бидат одделени од нивните родители кога се упатуваат на операција. Ова навистина им помага на сите засегнати“ – додава таа.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11111 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.