Почетна » Новости » Занимливости » „Божиновски часовници и накит“ горд спонзор на Отвореното првенство во тенис во Велес

„Божиновски часовници и накит“ горд спонзор на Отвореното првенство во тенис во Велес

Во организација на тенискиот клуб „Борец“ од Велес, минатиот викенд се одржа Отвореното првенство на Македонија во тенис.

„Божиновски часовници и накит“ и оваа година е горд поддржувач и спонзор на овој тениски турнир.

„Времето одвоено за спорт е секогаш драгоцено и секој настан кој ја поттикнува локалната заедница на здрав начин на живот со задоволство го поддржуваме. Традицијата на ова првенство е само доказ дека Велес има голем потенцијал и дека може да брои многу убави моменти поминати со спорот, ние како компанија секогаш ќе го поддржуваме тоа“, изјавија од претставништвото на „Божиновски часовници и накит“ во Велес.

Најуспешните на турнирот во женска конкуренција од компанијата беа наградени со Swatch часовник.

Божиновски Божиновски Божиновски Божиновски Божиновски Божиновски

Изборот на часовник како главна награда има за цел да ги мотивира учесниците на тенискиот натпревар во Велес, симболично одбележувајќи го неговиот десет годишен јубилеј.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10515 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.