Почетна » Новости » Занимливости » Блогерка го носеше истиот костум ДВА МЕСЕЦИ за да покаже дека луѓето претеруваат со купување нова облека

Блогерка го носеше истиот костум ДВА МЕСЕЦИ за да покаже дека луѓето претеруваат со купување нова облека

Блогерка го носеше истиот црвен костум секој ден цели два месеци. Нејзината цел е да ја подигне свеста кај луѓето за преголемата потрошувачка и да покаже дека не мора да се обновува целиот плакар секоја сезона.

„Со проектот #OneDressToImpress сакав да им покажам на луѓето дека истата облека може да биде стилизирана на различни начини и да се добие нов изглед. Нема потреба постојано да купуваме НОВИ нешта. Само бидете креативни и најдете забавни начини да ја носите истата облека“ – вели Марина Тестино.

Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино

Марина, која му е внука на реномираниот фотограф Марио Тестино, е блогерка и модел. Кога станала дел од модната индустрија, таа постојано чувствувала притисок да носи нова облека на секој настан. Тогаш сфатила дека луѓето претеруваат со купување нова облека и одлучила да започне експеримент при кој ќе носи еден костум цели два месеци.

„Денес општеството има начин да ги поттикнува луѓето во модната индустрија секогаш да носат нешто ново и јас научив дека луѓето се свесни за тоа, но ништо не се презема. Кога станав дел од оваа индустрија, го чувствував тој притисок постојано да бидам во тренд. Повторувањето на стајлинг на некој начин стана табу во нашето општество, па постојано менував стајлинзи од еден настан на друг.“

„#OneDressToImpress беше создаден за да истражи што ќе се случи ако го носам истиот, силен и впечатлив аутфит секаде два месеци. Целта беше да се поттикне размислување и разговор за консумеризмот.“

„Без разлика што општеството се обидува да нè натера да веруваме дека секогаш имаме потреба од нешто ново, ние имаме избор. Изборот не мора секогаш да значи да се избере нешто ново и мене ми годеше кога бев ослободена да изберам да НЕ избирам. Ова искуство беше одлично и ме научи како да бидам покреативна при изборот на модни додатоци“ – вели Марина.

Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино

Во текот на експериментот, Тестино станала покреативна при стилизирањето на облеката и вели дека за добар изглед најважна е самодовербата.

„Да носиш нешто со самодоверба е многу поважно отколку да го носиш најновиот моден тренд. Не препорачувам луѓето да го носат истиот стајлинг секој ден цели два месеци. Но, се надевам дека ќе поттикнам дискусија околу зголемената опсесија на луѓето со новитетите“ – вели таа.

Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино

Сега, кога и други лица на социјалните мрежи, се обидуваат да го следат нејзиниот пример, Марина вели дека е пресреќна со резултатот.

„Реакциите за мојот проект беа неверојатни. Целта ми беше да ја зголемам свеста за важноста да пробаме да бидеме посовесни потрошувачи. Сфатив дека луѓето се свесни за проблемот со преголемата потрошувачка, но дека ништо не прават за тоа.“

„Сега гледам дека и други личности го следат мојот пример и прават свој #OneDressToImpress. Прекрасно е да се види дека луѓето ја сфатија мојата поента и дека се инспирираа од мене, што беше и моја цел“ – додава таа.

Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино Марина Тестино

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9492 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.