Почетна » Новости » Занимливости » Бездомните луѓе во Лондон ќе добијат над 500 хотелски соби и топли оброци за божиќните празници

Бездомните луѓе во Лондон ќе добијат над 500 хотелски соби и топли оброци за божиќните празници

Хуманитарната организација „Crisis“ резервира 517 соби во хотели во Лондон за престој на бездомни лица за време на божиќните празници.

Додека сите ние сме најбезбедни дома за време на пандемијата, овие лица немаат каде да се засолнат. Најзагрозените лица ќе престојуваат во хотелските соби две недели и ќе им биде доставуван топол оброк трипати дневно.

Бездомник

Поради коронавирусот, организациите кои им помагаат на бездомните лица не можат да ги сместуваат во прифатилиштата како и претходните години, бидејќи тоа би значело престој на многу луѓе во една просторија и лесно пренесување на коронавирусот.

Во нормални услови, огранизацијата „Crisis“ им помага на над 4.000 лица.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11158 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.