Почетна » Новости » Занимливости » Бебе готвач – нова филозофија за подготовка на храна за нашите најмили

Бебе готвач – нова филозофија за подготовка на храна за нашите најмили

Во ова грозничаво, динамично секојдневие, семејните оброци не изгледаат секогаш како што сакаме, а на родителите им е тешко да препознаат што е здраво од преголемата и непрегледна понуда на хранливи продукти. Истражувањата покажуваат дека децата на кои им е сервирана здрава и разновидна храна во најраната возраст, и натаму преферираат свеж зеленчук, овошје и јаткасти плодови, наспроти брзата храна и готовите оброци. Овие податоци одново укажуваат на тоа дека навиките за јадење се формираат во најраното детство, а родителите би требало што е можно порано да почнат да внимаваат на исхраната на своите најмили.

Првиот македонски готвач со рецепти за бебиња и деца, „Бебе Готвач“ е огромен чекор во напорот за обезбедување на подобро разбирање на нутритивните потреби на децата и справувањето со предизвиците на модерното живеење.

Бебе готвач Бебе готвач

„Бебе Готвач“ е креација на Ирина Наков и Елена Петковска, кои и самите минувајќи низ предизвикот на подготовка на првите здрави, хранливи и вкусни оброци за своите најмили, се соочиле со недостиг на информации, наспроти огромната количина на непроверени, недоволно потврдени и погрешно интерпретирани информации онлајн, во врска со подготовка на здрава храна за најмалите.

„На овој исклучително корисен прирачник за сите што се задолжени за дневното мени на децата, му претходеше две и пол годишна посветеност на администрирање на ФБ групата Здрава храна, здрави деца!, креирана за размена на идеи и на рецепти. Но поради големиот интерес оваа онлај „дружба“ прерасна во активна група од 20.000 членови, со над 100 објави дневно и многу коментари и дискусии, што спонтано го поттикнаа развивањето на истоимениот блог, но и првата македоноска андроид апликација „Бебе Готвач“ која денес брои над 15.000 корисници“ - изјави Ирина Наков.

Бебе готвач

Печатеното издание „Бебе Готвач“ содржи многу корисни совети и предлози, автентични фотографии од оброците, статии поврзани со дохраната и развојот на бебињата, совети за успешно доење, табели за дохрана, инспиративни текстови за домашно зготвена храна, како и 350 рецепти за лесна и брза подготовка на здрави оброци од локални продукти, одгледувани во хармонија со природата. Во книгата се користени исклучиво проверени извори и актуелни препораки од Институтот за јавно здравје на Република Македонија и Светската Здравствена Организација.

„Да поттикнете некого на позитивни практики за подготовка на здрава храна е долготраен процес, земајќи в предвид дека секое семејство со себе носи одредена култура, социјален амбиент и други детерминирачки околности, но убедени сме дека никулците што ги посадиме со „Бебе Готвач“ ќе култивираат здрави деца и здрави генерации - изјави Елена Петковска.

Бебе готвач Бебе готвач

„Бебе Готвач“ во партнерство со Алпско млеко, Идеал шипка и Президент ја пренесува љубовта и разбирањето за здравата исхрана, охрабрувајќи, поддржувајќи, влевајќи доверба и промовирајќи вистински вредности за создавање на поволен амбиент за негување на вредноста на домашно зготвената храна.

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.