Почетна » Новости » Занимливости » Балфин Групацијата со донација од 1,2 милиони евра за настраданите од земјотресите во Албанија

Балфин Групацијата со донација од 1,2 милиони евра за настраданите од земјотресите во Албанија

На 29.11.2019, Балфин Групацијата, по предлог на Претседателот на Управниот одбор Г-дин Самир Мане, донесе одлука да се донираат 1,2 милиони евра за настраданите од скорешните земјотреси во Р. Албанија. Во оваа иницијатива се инволвирани сите компании кои се дел од Балфин Групацијата не само со седиште во Албанија, туку и од Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина. Регионалните компании како Нептун, Шпар, Џамбо, Ист Гејт кои се дел од Групацијата се директно инволвирани во помошта како финансиски така и на терен за помош на настраданите. Нептун Македонија е компанија од нашата држава, која како дел од Балфин Групацијата праќа помош за настраданите во вид на финансиска помош.

Балфин Групацијата

Балфин Групацијата и компаниите кои се дел од неа во државите од регионот се познати по општествената одговорност и хуманост не само во вакви елементарни непогоди, туку во секојдневието на луѓето на кои им е потребна помош.

Групацијата оваа голема хуманитарна акција ја води под мотото „Заедно, ќе се воздигнеме пoсилни“ што значи дека помошта за настраданите нема да застане тука, туку ќе се продолжи до стабилизирање на општествените процеси.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11145 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.