Почетна » Новости » Занимливости » Аутистично момче стана интернет сензација откако мајка му го сними како ја пее „Hallelujah“

Аутистично момче стана интернет сензација откако мајка му го сними како ја пее „Hallelujah“

Момче од Ирска стана интернет сензација благодарение на својот прекрасен глас и талентот за пеење.

9-годишниот Џастин, на кого му бил дијагностициран аутизам на 3 години, ја изненадил мајка си кога еден ден ја запеал „Hallelujah“. Таа веднаш го снимила слаткиот момент, а откако вујкото на детето го објавил видеото, тоа инстантно стана хит.

„Мојот 9-годишен внук. Поради неговиот аутизам не може да слуша многу песни, но кога некоја ќе му се допадне, знае да пее. Ќе стане суперѕвезда“ – напиша тој во описот.

Џастин е екстремно чувствителен на гласна музика и поради тоа, неговите родители избегнуваат да го носат на роденденски забави и на големи собири.

„Морам да бидам екстремно внимателна кои песни му ги пуштам, бидејќи постојат песни кои не ги сака воопшто. Кога започна да пее, ја исклучив музиката и го извадив мојот телефон за да го снимам.“

„Само сакам тој да биде среќен. Џастин не можеше да зборува речиси до 3 години. Ме изненадува секој ден, па ако пеењето му носи среќа, сакам да пее до крајот на неговиот живот“ – рекла Андреа која со видеото сака да им покаже на луѓето дека аутизмот не е секогаш нешто лошо.

Џастин Џастин Џастин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.