Пола Страун е креативна артистка која својот талент го претвори во прекрасен подарок за бебиња со здравствени проблеми. Таа ги разубавува шлемовите на дечиња кои поради плагиоцефалија мораат да ги носат подолг период за черепот да им се оформува правилно.
Со декорирањето Пола ги претвора медицинските помагала во забавни аксесоари.




Идејата кај Пола се родила откако пријателка ја замолила да ја разбие монотонијата на белиот шлем на нејзината внука и да наслика нешто ведро и забавно.
„Се чувствувам благословена за тоа што можам да го правам. Сум имала многу родители кои пристигнале во мојот дом со солзи во очите, бидејќи нивните прекрасни бебиња мораат да го носат ова грдо, но потребно помагало. Тие не сакаат другите да ги гледаат нивните чеда со сожалување, а тоа е срцепарателно“ – вели Пола.





















