Почетна » Новости » Занимливости » Анкета на улица: Американци одговараат дали им е гајле за изумирањето на хомо сапиенс

Анкета на улица: Американци одговараат дали им е гајле за изумирањето на хомо сапиенс

Џими Кимел и неговиот тим прашаа случајни минувачи дали се загрижени за изумирањето на хомо сапиенс. Одговорите покажуваат дека анкетираните Американци всушност не знаат за кој вид станува збор.

„Оваа недела, Обединетите Нации објавија голем извештај, во кој, меѓу другото, се вели дека повеќе од милион видови на растенија и животни се во изумирање. Тоа е нешто за коешто треба да дејствуваме. Па, за да ја зголемиме свеста, излеговме на улица и ги запрашавме луѓето дали се загрижени конкретно за еден загрозен вид – хомо сапиенс. Хомо сапиенс, се разбира, се луѓето. Па ги прашавме луѓето дали се грижат за истребувањето на луѓето, ова се одговорите кои ги добивме“ – вели Кимел.

Дали треба да го спасиме Хомо сапиенс?

„Да, бидејќи има многу животни кои се изумрени сега, а кои беа неверојатни во минатото. Како диносаурусите, тие се изумрени и еден ден ќе погледнеме наназад и ќе речеме: ‘Ох, не го спасивме хомо сапиенс’. Па можеби тие ќе бидат следните диносауруси.“

„Мора да најдеме начин да научиме да живееме со хомо сапиенс, на начин на кој тие нема да влијаат на нас, ние да не влијаеме на нив.“

„Не знам што е хомо сапиенс. Ако се во изумирање, тоа е многу тажно, но на крајот од денот, не ми е гајле.“

„Не станува збор за фактот дека не ги сакам хомо сапиенс. Туку, дека отсекогаш сме живееле без нив, па не знаеме ништо за нив.“ – се дел од изјавите на минувачите.

Една од анкетираните изјави и дека видела хомо сапиенс во зоолошка градина и тврди дека е влакнест, голем и изгледа како горила.

Хомо сапиенс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11144 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.