Почетна » Новости » Занимливости » Академик Владета Јеротиќ: „Детето е онакво каков што е бракот“

Академик Владета Јеротиќ: „Детето е онакво каков што е бракот“

Владета Јеротиќ е еден од омилените и најистакнати српски академици и психијатари кој постојано е цитиран и споменуван од родителите на Балканот. 92-годишниот книжевник, кој е роден во Белград, има напишано многу поучни трудови на тема „дете“.

Според него, децата се онакви каков што е бракот меѓу нивните родители. Тој пишува:

Семејство

Децата не го зајакнуваат бракот. Таму каде што е добар бракот, со деца може да стане само уште подобар. Таму каде што не е добар, станува уште полош. Стабилните бракови се стабилни без оглед на тоа колку деца има. Значи, детето всушност е онакво каков што е бракот.

Она што е пресудно за детето да започне погрешно да се развива е недостигот на топлина, сигурност и авторитет кај самите родители. Зашто ако детето навистина е беспомошно на почетокот, од кого би можело да го добие оној прв неопходен импулс за сигурност и грижа, ако не од родителите.

Тоа нема никаков друг критериум за сопствената вредност освен признанието кое го добива од својата најблиска околина.

Единствено дете прима во игра друго дете такво какво што е (Исус нè повика да останеме како деца).

Возрасните се гледаат онака како што би сакале другите да бидат, или какви што самите би сакале да бидат, а бидејќи согледуваат (ако согледаат) дека луѓето не се такви, тие ги критикуваат. Со еден збор, одбиваат да ги примат за рамноправни во играта на возрасните, т.е. одбиваат да ги примат онакви какви што навистина се.

На малото дете повеќе од кого било и кога било му е потребно внимание, друштво, заштита, морално охрабрување и љубов. Се претпоставува дека љубовта се раѓа во она рано животно доба кога детето чувствува дека неговата потреба за сигурност е релативно задоволена, и дека пред сè таа е задоволена од неговата мајка, која во тоа ги внесува своите непосредни и несебични чувства.

Владета Јеротиќ
Владета ЈеротиќВладета Јеротиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26255 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.