Почетна » Новости » Занимливости » „SOAR“: 6-минутен анимиран филм кој ќе ви измами насмевка

„SOAR“: 6-минутен анимиран филм кој ќе ви измами насмевка

Приказната за креативна девојка, која му помага на изгубено мало момче да се врати дома, ќе ве преплави со позитивни чувства.

Тринаесетгодишната оптимистка е опседната со создавање на мали авиони, но секој нејзин обид да создаде функционално летало завршува со неуспех, сè додека еден ден „инспирацијата“ буквално не ја удри по главата.

Додека Мара работи на еден од своите проекти, минијатурно момче паѓа од небото со летало. За жал, неговиот авион се расипува и тоа не може да го продолжи својот пат кон дома. Малиот пилот натажено гледа како неговите пријатели заминуваат без него. Инспирирана од желбата да му помогне, Мара ја вложува целата својата креативност во својот следен проект, кој завршува успешно.

На крајот, трудољубивата девојка добива прекрасно изненадување на небото. Погледнете:

SOAR

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.