Почетна » Новости » Занимливости » „Kitbull“: Краток анимиран филм кој ќе ги трогне љубителите на животните

„Kitbull“: Краток анимиран филм кој ќе ги трогне љубителите на животните

Новиот краток анимиран филм на Pixar допира до срцата на сите љубители на животните.

Во „Kitbull“ се прикажани мало маченце и малтретирано куче од расата питбул кои случајно започнуваат да живеат во ист двор и под тажни околности, формираат цврсто пријателство.

Видеото се обидува да ги побие стереотипите за питбулите, покажувајќи дека се мирољубиви и најчесто стануваат агресивни поради нивните сопственици или злонамерни лица.

„Да бидам искрена, видеото го започнав само со мачка. Сакам да гледам видеа со мачки кога сум под стрес. И си помислив, сакам да нацртам мало маченце кое прави нешто глупаво и смешно. Најпрво, сакав да нацртам нешто што ќе направи да се чувствувам добро и кое ќе биде забавно, но тоа еволуираше во нешто многу лично за мене. На крајот, сфатив дека додека растев бев многу чувствителна и срамежлива. Имав многу потешкотии во создавањето врски и пријателства. Па се поврзав со ова маче, бидејќи тоа никогаш нема излезено од комфорната зона, да биде ранливо и да создаде контакти. Па веројатно така настана приказната“ – изјавила креаторката на трогателниот филм, Росана Саливан.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.