Почетна » Новости » Занимливости » 24 нешта кои секој маж кој сака жена треба да ги знае

24 нешта кои секој маж кој сака жена треба да ги знае

Како да се освои и задржи женското срце? Ова е прашање кое секој заљубен маж си го поставил барем еднаш во животот.

Huffington Post ги замоли своите читатели да споделат по едно нешто кое според нив треба да го знае секој маж кој сака жена. Еве ги 24-те најдобри одговори:

Пар
  1. Можеш секој ден да ѝ КАЖУВАШ колку многу ти значи, но ако не ѝ ПОКАЖУВАШ колку многу ти значи, тогаш не си направил ништо.
  2. Не ја споредувај со ниту една друга жена. Таа е специјална и уникатна, третирај ја така.
  3. Понекогаш ислушувањето е доволно. Има моменти кога на жената ѝ треба партнерот за да ја ислуша, без да се обидува да дава совети или да поправи нешто. Едноставно да слуша.
  4. Не дозволувај родовите стереотипи да влијаат на тебе. Љубовта е љубов, независно од тоа кој оди на работа, а кој останува дома. Запомни дека твоето презиме не е поважно од нејзиното, а нејзината улога на родител не е поважна од твојата.
  5. Никогаш не ги негирај нејзините чувства, нарекувајќи ја „луда“.
  6. Комуникацијата е сè. Заборави на сè што ти кажувале за жените, тоа се повеќе стереотипи одошто нешто друго. Ако сакаш да знаеш како се чувства таа, не претпоставувај, прашај ја. Комуникацијата е клучна.
  7. Разбери дека таа знае што е најдобро за неа.
  8. Исполнувај ги твоите ветувања.
  9. Таа може да биде ранлива, како и сите останати луѓе. Стои до неа за да ја фатиш во тие моменти.
  10. Да ја сакаш е избор кој го правиш секој ден.
  11. Дознај што е она што ја усреќува. Откриј кои се нејзините интереси и придружи ѝ се во нив.
  12. Почитувај го нејзиното мислење, дури и кога не се согласуваш со него.
  13. Секогаш биди ѝ верен пријател.
  14. Не мора секогаш да имаш решение за нејзините проблеми. Едноставно биди до неа, тоа е она што е најважно.
  15. Само затоа што таа може да направи сè, не значи дека мора да прави сè. Помогни ѝ да се релаксира кога ќе имаш можност и биди ѝ извор на спокој.
  16. Имај на ум дека и таа, како и сите останати, има свои несигурности.
  17. Бори се во нејзините битки заедно со неа, а не наместо неа.
  18. Секогаш давај ѝ ја слободата да носи свои одлуки, дури и ако не се согласуваш со нив.
  19. Биди најдобрата варијанта од себе кога си со неа, за и таа да може да го направи истото.
  20. Жената којашто е таа денес не мора да е иста со онаа која била во минатото.
  21. Таа е рамноправна со тебе. Третирај ја на тој начин.
  22. Секогаш, секогаш, секогаш навивај за неа.
  23. Над сè, биди добар со неа. Секогаш биди љубезен.
  24. На крајот на краиштата, секоја жена е различна. Таа има свои потреби, желби и цели. Откриј какви се тие и помогни ѝ да ги постигне.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11095 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.