Почетна » Новости » Занимливости » 14-годишна девојка со креди на асфалт црта туристички локации преку кои помалото братче „патува“ низ светот

14-годишна девојка со креди на асфалт црта туристички локации преку кои помалото братче „патува“ низ светот

Лондон, Москва, Сиднеј, Холивуд, Париз... Деветгодишниот Камден секојдневно „патува“ на различна дестинација од светот, благодарение на цртежите на неговата сестра Макар Еверет.

14-годишната девојка со креди на асфалтот пред нивниот дом црта атрактивни туристички локации, а потоа го фотографира помалото братче со своите дела.

„Многу ѝ сум благодарна на нашата 14-годишна ќерка која во изминатите 95 дена создаваше цртежи со креди на асфалт за да го забавува својот помал брат, кој е вклучен во секој од цртежите. Тој патуваше насекаде низ светот од нашиот паркинг. Оваа уметност ни дава нешто добро кое треба да го очекуваме секој ден“ – вели нивната мајка.

Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден Камден

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11158 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.