Почетна » Новости » Занимливости » 13 начини на кои можете да заштедите пари при реновирање

13 начини на кои можете да заштедите пари при реновирање

Домот треба да биде наше засолниште, но и наше среќно место каде ќе се релаксираме на крајот од напорните стресни денови и ќе крираме семејни спомени со нашите најмили. Токму затоа, секој од нас се стреми да создаде што поудобна и попријатна атмосфера во него.

Ако планирате реновирање на вашето живеалиште, сигурно веќе имате предвидено буџет за негова реализација. Сепак, секогаш треба да имате на ум дека голема е веројатноста во целиот тој процес да се појават непредвидени трошоци. Затоа, добра идеја е пред да започнете со преуредување на домот, да се информирате за начините на кои можете да заштедите пари.

Реновирање на домот

Еве како можете да ги намалите трошоците без да правите компромиси со вашиот дом од соништата:

1.Ефикасноста пред големината

Наместо да размислувате за зголемување на просторот, започнете да размислувате на зголемување на ефикасноста. Ако максимално го искористите просторот во кујната, можеби нема да имате потреба да си туркате старите ѕидови и да ѕидате нови за да добиете повеќе квадрати. Прво проверете дали може да ги организирате на поинаков начин полиците, електричните уреди, садовите и приборот за да заштедите простор.

Реновирање на домот

2. Не се трудете да замените сè што имате

На пример, вашата кујна може да биде лесно преобразена со менување на вратничките на долните и висечките елементи, менување на рачките и на работната површина. Или столовите може да ги тапацирате и обоите во бои кои ќе се вклопат во вашиот нов ентериер.

3. Засукајте ги ракавите и самите фрлете се на работа

Се разбира дека е полесно да платите мајстори за да ви го бојадисаат домот или да ви го истружат мебелот, или пак, да ангажирате чистачка за да исчисти, но реално тоа можете да си го направите и сами. Размислете која работа можете да ја сработите сами и заштедете.

4. Продајте ги старите работи...

Она што не планирате да го користите во вашиот нов дом, а сметате дека има некаква вредност, објавете го на продажба.

5. ...Или донирајте ги оние коишто сè уште можат да се користат

Според експертите, 85% од нештата во нашиот дом може да бидат повторно користени. Со донирањето на корисните нешта не само што ќе помогнете некому, туку и ќе заштедите на транспорт на „старудиите“ од вашиот дом до отпадот.

Реновирање на домот

6. Проверете дали можете да купите нешто на старо

Ќе се изненадите колку релативно нови работи луѓето ги продаваат на старо. Ако ви треба камин, телевизор за во собата на вашите деца, маса и слично, одделете време за да прелистате на интернет дали се продава нешто на старо. Понекогаш можете со малку пари да купите квалитетни нешта кои можете да ги модифицирате и бојадисате за да ги вклопите во вашиот дом.

7. Побарајте алтернатива на вашиот омилен бренд

Не мора да трошите цело богатство за да купите фрижидер или фурна од вашиот омилен бренд. Купувањето од алтернативни фирми е добра опција за да заштедите пари. Разгледајте ги сите понуди, има многу добри алтернативи на пазарот кои вреди да ги земете предвид.

8. Наместо туш кабина, размислете за купување квалитетни дизајнирани завеси во бањата

На овој начин не само што ќе заштедите пари, туку и ќе можете да го менувате изгледот на вашата бања кога што ќе посакате.

9. Користете боја за да го трансформирате вашиот простор

Со помош на боја можете да му дадете целосно нов изглед на вашиот дом за малку пари. На пример можете да обоите еден ѕид во силна и впечатлива боја за шмек, или пак, можете на пример да купите дрвен мебел во стилот на ИКЕА, кој ќе го склопите и бојадисате сами.

Реновирање на домот

10. Не купувајте само од една продавница

Разгледајте ги понудите на сите продажни салони кои го нудат она што ви е потребно во домот. Можеби во некоја од нив има роденденски попуст или пак распродажба.

11. Зачувајте ја водоводната инсталација онаму каде што е

Доколку е возможно, искористете ги веќе постоечките водоинсталации. Пренасочувањето на водоводните цевки е скапо и најчесто бара дупење или рушење на ѕидовите или делови од нив. Ако морате да преместите нешто, тоа нека биде минимално.

12. Балансирајте меѓу скапото и евтиното

На пример поставете поскапи и полуксузни лустери кои оставаат впечаток, нo искористете поевтини материјали на местата кои не се видливи, како кујната или балконот. На пример, ако ретко готвите, не мора да купувате скапи кујнски уреди. Изберете поевтини брендови. Во иднина секогаш можете да ги замените со нови кога трошоците нема да ви бидат толку големи.

13. Пред да купувате големи нешта, почекајте попусти

Речиси сите продажни центри често нудат попусти или имаат распродажба на старите линии, па добра идеја е да купувате на намалени цели. Ако предвреме го планирате реновирањето, ќе имате повеќе време за да ги искористите попустите при купување на бела техника, мебел и слично.

Дури и ако прецизно ги следите вашите планови и клучните совети од експерти, постои голема веројатност да го надминете планираниот буџет. Поради тоа, секогаш треба да имате дополнителен извор на средства. Една од опциите за да си го овозможите тоа е да подигнете потрошувачки кредит од Халкбанк*.

Реновирање на домот

*Новиот ненаменски потрошувачки кредит кој можете да го користите „за сè што ви е важно“ е со намалена каматна стапка од само 5% фиксна за првите три години и со пакет полиса за осигурување од Халк Осигурување.

Максималниот износ на кредитот е 1.500.000 денари, а рокот на враќање е до 10 години. За остатокот од рокот за отплата се пресметува 5,5% варијабилна каматна стапка (референтната стапка за пресметување на стапката на законската казнена камата, која во моментот на склучување договор изнесува 1,5% зголемена за 4 пп).

Кај овој производ, провизијата за обработка на кредитот е 0%, а провизија не е предвидена ниту за предвремена отплата на кредитот. Единствен трошок се 150 денари за апликација за кредитот и 350 денари за проверка во Кредитно биро кои се наплаќаат само за одобрен кредит и тоа пред исплата на одобрените средства.

Кредитот може да се користи за најразлични потреби, како и за рефинансирање постојни кредити во други банки. Токму затоа, „за сè што ви е важно“ тука е Халкбанк.

Реновирање на домот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.