Душан Ковачевиќ ѝ го кажа последното збогум на сопругата Ивана, која почина на 44 години.
Основачот и директор на фестивалот Exit напиша тажна објава на Instagram за мајката на неговите 3 деца, која пред три дена ја изгуби битката со тешката болест. Тој сподели заедничка фотографија со порака:

Драга моја Ивана,
Ти се обраќам во сегашно време, бидејќи те чувствувам жива, поприсутна и посјајна од кога било, во мене и насекаде околу мене. И додека танцуваш со ангелите, сакам да ти шепнам нешто важно...
Ти се колнам дека со секој здив, со секоја мисла и со секое дело, ќе ги чувам нашите мали змејови и ќе ги водам низ животот за да станат луѓе какви што отсекогаш сакавме да бидат. Дека ќе бидат опкружени со луѓе кои те сакаат, кои добро те познаваат и кои ќе им зборуваат за тебе. Кои, секој на свој начин, на овој свет ќе им пренесат дел од бескрајната љубов која ја имаш кон нив.
Ти се колнам дека ќе ги чувам живи спомените за тебе, за целиот свет да може да ја почувствува твојата божествена искра која толку силно сјае за сите нас. На сите ќе им сведочам колку е бескраен твојот капацитет за љубов и колку сакаше да ги сакаш сите.
Секогаш ми велеше дека сè што правиме треба биде со смисла. На нашиот пат имавме многу подеми, како и падови, а од овој врв на кој сега нè искачи, сè се гледа јасно.
Смислата на твоето заминување во рајските градини е исполнување на божествените цели поради кои дојде меѓу нас – да го преобразиш светот со твојата безусловна љубов, која веќе се излева од небото врз сите нас кои те повикуваме во нашите срца. Твојата Душа одлучи дека дојде моментот кога твојата љубов треба одгоре да нè води и чува колку што е можно посилно.
Твоето семејство ќе биде продолжена рака на твојата мисија на овој свет, а ти ќе бидеш нашиот мост со рајот.
Му благодарам на Бог што имав и имам можност да бидам едно со тебе. Те сакам Ивана и ќе те сакам засекогаш, онака како што велиме во нашето семејство, најбесконечно.
Твојот ДушанДушан и Ивана стапија во брак на бајковитиот остров Ада Бојана, а заедно имаат три деца, два сина и една ќерка. Болеста ѝ била дијагностицирана минатата година, а пред помалку од една недела, семејството сподели дека состојбата ѝ е критична.





Ивана почина на 17 мај во 5 часот наутро, а тажната вест ја објавија нејзините најблиски на Instagram.
Драги луѓе,
Со неизмерна тага и болка, ве известуваме дека утрово во 5 часот душата на нашата сакана Ивана отиде кај ангелите. Таа беше и останува еден од нив.
Ја чувствуваме жива, поприсутна од кога било. Таа е сè уште тука со нас, вечно ќе престојува во нашите срца, како и во секој од вас кој ја сакаше и сè уште ја сака.
Ивана беше и останува синоним за љубов. Едни од нејзините последни зборови на овој свет беше: „Никој не знае колку ги сакам сите. Сите. Сите...“
Да ја продолжиме нејзината мисија, сакајќи ги сите околу нас...
