Почетна » Новости » Животни стории » Трагедија: Девојка намерно не го отвори падобранот при скок од авион по раскинување, семејството со силна порака

Трагедија: Девојка намерно не го отвори падобранот при скок од авион по раскинување, семејството со силна порака

Искусна падобранка трагично го изгуби животот откако скокнала од авион и „намерно“ не го отворила падобранот по кавга со момчето. Сега нејзиното семејство сака да испрати порака до сите кои имаат проблеми дека треба да побараат помош и дека никогаш не се сами.

Џејд Дамарел почина за време на рутински скок во Англија. Иако на почетокот било изјавено дека нејзината смрт била трагична несреќа, подоцна од центарот „Sky-High Skydiving“ изјавиле дека постои сомнеж дека се работи за „намерен акт“ за да си до одземе сопствениот живот. Истрагата покажала дека не постоел ниту доказ дека имало механички дефект на нејзиниот падобран.

Џејд Дамарел Џејд Дамарел Џејд Дамарел Џејд Дамарел

32-годишната Британка ја прекинала врската со нејзиното момче Бен Гудфелоу само еден ден пред трагедијата.

Нејзините родители ѝ оддадоа почит во нивната изјава по трагедијата:

„Со огромна тага споделуваме дека ја загубивме нашата сакана ќерка Џејд. Брилијантна, убава, храбра и навистина неверојатна личност. Сјајна авантуристка со слободен дух, таа живееше со огромна енергија, страст и љубов, допирајќи безброј животи со својата топлина и љубезност.“

„Професионално, Џејд беше исклучително талентирана и почитувана поради нејзината креативност и посветеност во маркетингот. Лично, Џејд неодамна започна да тренира за лиценца за пилот, а како падобранка, пронајде слобода и цел.“

„Падобранството и фантастичната заедница ѝ значеа многу на Џејд и ни носи утеха што таа беше толку ценета, почитувана и длабоко сакана колку што беше.“

„На крајот, ако имате проблеми, ве молиме, побарајте помош. Разговарајте со некого – пријател, близок или професионалец. Никогаш не сте сами“.

Џејд Дамарел Џејд Дамарел

Претставник на „Sky-High Skydiving“ подоцна изјавил: „Сите индикатори на полицијата покажуваат дека ова беше намерен акт за да си го одземе сопствениот живот. Оваа срцепарателна вест длабоко ги засегна животите на сите кои ја познаваа и нашите мисли се со нејзиното семејство и пријателите додека се соочуваат со оваа незамислива загуба“.

Џејд почина на 27 април оваа година.

„Ова не беше несреќа при скок со падобран. За жал, веруваме дека таа имаше намера да си го одземе животот. Таа скокаше со друга личност... избра да не го отвори падобранот и падна на нејзиниот грб. Сите сме растревожени и длабоко трауматизирани“ – рекла нејзина пријателка. Џејд Дамарел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26008 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.