Почетна » Новости » Животни стории » Татко со тетоважа како лузната од операцијата на срцето на малиот син

Татко со тетоважа како лузната од операцијата на срцето на малиот син

Татко си направи иста тетоважа на градите како лузната од операцијата на малото синче за да му покаже дека не е само и дека секогаш ќе биде покрај него.

Ерик Ерик

Ерик Конлин и неговата сопруга Кристина во 20-тата недела од бременоста дознале дека нивното синче има вродена срцева маана, која ќе бара итен третман веднаш по раѓањето.

Бебенцето Бенет се родило во октомври минатата година и кога имало само 4 дена, му била направена првата операција. Иако била успешна, по неколку дена доживеало срцев удар и морало да помине низ операција на отворено срце на само две недели старост. Пет месеци подоцна, Бенет имал уште една операција која исто така била успешна.

Гледајќи го малото синче како смело се бори за својот живот, Ерик добил идеја да си ја тетовира неговата лузна.

„Сакам да го носам она што тој го носи. Како што расте, сакам да може да ме погледне и да рече, тато изгледа како мене. Тато го има она што го имам јас. Тоа ќе ми даде начин за да можам да речам, јас сум во ова со тебе“ – рекол тој.

Ерик Ерик

Споделувајќи ја својата приказна, тој и неговата сакана сакаат да им покажат на семејствата кои минуваат низ слични искуства како нив дека „не се сами“.

Емотивниот татко си ја исполни замислата 11 месеци по раѓањето на Бенет, на Instagram напиша:

Денес си направив тетоважа која ми значи повеќе од сè што некогаш ќе ставам на мојата кожа. Таа одговара на лузната на градите на мојот син. Лузната која тој ја носи уште од неколкудневна возраст, борејќи се за својот живот.

Сакав да знае дека никогаш не е сам во оваа борба. Неговата лузна е приказна за преживување. Мојата е ветување: што и да носи тој, ќе го носам и јас.

Ова не е само тетоважа, туку почит кон силата на мојот син и повик за подигање на свеста за вродените срцеви мани. Толку многу семејства тивко се борат со ова секој ден, и сакам сите да знаат сека не сме сами.

Бени, ти си мојот херој. А сега носиме ист оклоп.

Ерик Ерик Ерик Ерик Ерик Ерик Ерик Ерик

И покрај здравствените предизвици, Бенет е многу среќно бебе, за кое родителите велат: „Се смее, гуга и се кикоти постојано, спие по цела вечер, што е неверојатно“.

Ерик Ерик Ерик

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 29150 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.