Почетна » Новости » Животни стории » „Сакам да се оженам, да имам мои деца“: Бране Марковски од Велес кој се бори со рак со емотивен апел за помош

„Сакам да се оженам, да имам мои деца“: Бране Марковски од Велес кој се бори со рак со емотивен апел за помош

Борбата за живот на Бране Марковски влегува во нова фаза. 37-годишниот велешанец, кој има карцином на белите дробови и тумор на црниот дроб, апелира за помош за да може да го започне лекувањето во Турција.

„Сакам да се оженам, да имам мои деца, да продолжам да вежбам, да го прошетам светот... Но како што велат старите: ‘Здравиот има 100 желби, а болниот само една – да оздрави!’“ – вели тој во емотивната објава на социјалните мрежи.

Иако физички е ослабен, Бране е решен да ја победи кобната болест која го зела животот и на неговиот татко. Во продолжение е целиот негов апел:

Бране Марковски

Здраво на сите, јас сум Бране Марковски, 37 годишен човек од Велес. Дијагностициран ми е тумор на црн дроб и рак на бели дробови.

До пред 3-4 месеци да ме прашавте што ќе правам во јуни, веројатно ќе ви кажев ќе се сончам на песочните плажи во Ксамил, но за жал или за среќа Господ имал други планови за мене.

Борбата за живот на Бране Марковски

После повеќемесечна голгота, талкање, чекање низ болниците, тапкање по рамо ништо страшно, една обична рутинска операција и се ќе се реши, животот ми се смени скроз. Тој ден станав од спиење, иако не спиев цела вечер, што од болки, што од возбуда,страв, исчекување, се облеков, си ги спакував пижамите, се спремив да останам во болница, да ме направат операција, конечно да ми го извадат "проблемот"од мојот стомак, да ме ослободат од болките, да ми се олесни дишењето, да можам повторно да јадам што сакам и колку сакам. Кај докторот влегоа мојата девојка и мајка ми за да направат последна консултација пред операција, барем јас така мислев-кога излегоа не требаше да се каже нешто со зборови, изразот на нивните лица кажуваше и повеќе од доволно.

Не, мене нема да ме прават операција!

Не, мене нема ни да ме лекуваат!

Не, они се откажаа од мојот живот!

Но, не, полека малку, почекајте малку другари, јас имам само 37години. Јас вежбам во теретана повеќе од 20години. Јас и кога не можам да дигнам поголема тежина од таа што ја дигам во моментот, јас ставам плус уште 10kg, за да си докажам дека можам. И да, секогаш сум можел, никогаш не сум се откажал и не сум рекол не можам. Дали мислевте дека сега ќе се откажам и ќе се препуштам на смртта рака лесно без борба? Сите што ме познаваат доволно добро ќе речат НЕ и ќе бидат 100% во право.

Бране Марковски

Ќе ме прашате дали е лесно. Не, не е воопшто лесно. Секојдневно ги гледам тажните лица на моите сакани исполнети со страв и неизвесност, иако тие пред мене глумат дека се среќни и весели, ја гледам тагата во нивните очи.

Кога веќе тагата и немоќта скроз не надвладеаа, се појави мала светлина во тунелот- повик од Турција и можност за мое лекување таму! БУРА НА ЕМОЦИИ!

Среќа, благодарност, радост, но и едно големо разочарување- ЦИФРАТА ЗА МОЕТО ЛЕКУВАЊЕ!

Господине Марковски, првата фаза, според нив најбитна чини 21 000€, а понатамошното лекување можеби ќе достигне и над 100 000€. Молам? Пребројувам 1,2,...5 нули, да добро гледам пет се. Ја прашувам мајка ми дали го гледа истото, 21 000€ за да ми ги направат сите почетни испитувања. Си ги пребројувам парите дома, ох Боже, па тоа е повеќе и од мојата целоживотна заштеда. Потребна ми е помош да ги соберам овие пари, гордоста останува во сенка, настапува желбата за живот.

Не сакам да умрам! Сакам да живеам!

Не сакам да ја имам истата судбина како мојот татко, кој млад не напушти поради оваа проклета болест!

Бране Марковски

Сакам да се оженам, да имам мои деца, да продолжам да вежбам, да го прошетам светот...

Но како што велат старите:

"Здравиот има 100желби, а болниот само една- да оздрави"!

Благодарение на Вас и Вашата помош јас ја поминав првата фаза, поточно детални испитувања, снимања, биопсија, точна дијагностика. Денес си дојдов во Македонија, овде да ги чекам резултатите од биопсијата, бидејќи не можам финансиски да си дозволам да останувам уште во болницата, иако со седењето дома без медицински надзор животот ми е во опасност секој миг, па ги приметувам моите како на смени "дежураат", ме проверуваат дали дишам и дали сум добар.

Ова што го гледате на сликите се инфузиите(примав 10тина на ден), крвна плазма, витамини, протеини и многу други лекови на кои да бидам искрен не им го запомнив ни името, но предонесоа за јас да се чувствувам подобро.

Полека, но сигурно одиме кон 2ра фаза! ТЕРАПИЈА! Цифрата не сакам ни да ја спомнувам, бидејќи знам дека не можам да си ја дозволам. Но верувам дека пред се благодарение на Господ и на вашите донации ќе се соберат сите средства и јас ќе излезам како победник.

Сепак најтешките битки им ги даваат на најголемите херои.

Трансакциска сметка

300277092345482

Броеви за донации

А1 143 504

Тmobile 143 126

Фондација за донации: https://pavelandreev.org/.../da-go-spasime-zivotot-na...

Донации од странство

Име и презиме на примачот: Brane Markovski

Адреса на примачот: Belgradska 72 Veles

Iban:MK07300307037183860

Име на банката на примачот: Komercijalna banka AD Skopje

Адреса на банката: Ul. Vasil Iljoski 3, 1000 Skopje, Macedonia

BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2XVEB

P.S. Знам дека сум многу ослабен, знам дека не можете да ме препознаете, не можам ни јас самиот, но за брзо ќе се вратам во теретаната и пак ќе се набилдам, па тогаш ќе правиме муабет.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26705 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.