Почетна » Новости » Животни стории » „Празнината секогаш ќе боли“: Сопругата на диџеј Ицко со семејни фотографии и емотивна порака по неговата прерана смрт

„Празнината секогаш ќе боли“: Сопругата на диџеј Ицко со семејни фотографии и емотивна порака по неговата прерана смрт

Ристо Меловски, познат како диџеј Ицко, на 48 години ја загуби битката со КОВИД-19. Многу лица кои го познаваа, преку пораки на социјалните мрежи, изразија сочувство до семејството.

Неговата ужалена сопруга Наташа сподели емотивен текст и семејни фотографии преку кои му се заблагодари за љубовта и поддршката.

Меловски

Прочитајте го текстот во целост:

Нема зборови, нема утеха за твојата загуба. Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со големо Д за сите. Празнината секогаш ќе боли, но среќни сме затоа што беше дел од нашиот живот.

Те сакам и секогаш ќе те сакам, душичке моја, љубов моја. Ти благодарам за секој прекрасен момент, за тоа што секогаш знаеше да ме насмееш и орасположиш.

Тешко е, но морам да продолжам понатаму заради тебе, бидејќи ти беше човек кој секогаш одеше напред, морам и заради нашите деца, бидејќи ти веруваше во мене.

Ќе излеземе на прав пат не се секирај и не се сомневај, бидејќи ти секогаш внимаваш на нас, знам.

Нека ти е светол патот кон вечноста.

Наташа и Ристо се родители на две деца.

Меловски Меловски Меловски Меловски Меловски Меловски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10385 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.