Почетна » Новости » Животни стории » По 56 години брак, починале во исто време

По 56 години брак, починале во исто време

Често се појавуваат стории за луѓе чија љубов е толку голема што не можат да живеат без својот партнер и заминуваат од овој свет набрзо по неговата смрт.

Британците Доналд и Розмари Дикс се пример за таква љубов. Тие биле во брак повеќе од половина век, а нивните животи згаснале во ист ден.

Доналд и РозмариДоналд и Розмари

85-годишниот Доналд Дикс се онесвестил во својот дом, а неговата сопруга Розмари повикала брза помош. Откако амбулантното возило тргнало кон болницата, Розмари побрзала да ѝ се јави на нивната ќерка за да ѝ соопшти за трагичниот случај. Подоцна истиот ден Розмари била пронајдена мртва, а слушалката била настрана од базата.

Доналд починал на пат до болницата, скоро во истото време како и Розмари.

Нивната ќерка Жаклин вчера изјавила:

Тие не знаеја како да живеат еден без друг. Изгледа починаа во исто време. Последните зборови на мајка ми кон мене беа: „Татко ти го однесоа на болница, треба да дојдеш“.

Отидов на болница, но на пат до таму се обидов да ѝ се јавам на мајка ми за да видам дали тргнала. Телефонската линија беше зафатена, па претпоставив дека зборува со мојата сестра Дерил.

Кога стигнав во болницата, докторите ми кажаа дека татко ми починал, но мајка ми не беше таму. Се вратив во семејната куќа и тогаш ја видов мајка ми како лежи на подот. Телефонот беше со подигната слушалка.

Ужасен шок е што ги изгубивме двајцата во исто време.

Доналд и РозмариДоналд и Розмари се запознале во раните 50-ти години и стапиле во брак 18 месеци подоцна, во 1955 година.

Семејството на Розмари и Доналд смета дека е милост што ни Розмари, ни Доналд не дознале за смртта на другиот.

Дерил, втората нивна ќерка, изјавила:

Моите родители беа неразделни. Сè правеа заедно, сега нивните свеќи изгаснаа заедно. Никогаш не ни замислувавме дека ќе треба да се збогуваме со двајцата истовремено.

Но, голема утеха е што не мораа да ја доживеат болката да го изгубат саканиот. Дури и во смртта, тие никогаш нема да бидат разделени“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10408 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.