Некои личности се вистинска инспирација. Таков е нашиот Олимпиец, Никола Ѓуретановиќ.
Докторот Владимир Чадиковски ја сподели приказната на 17-годишниот пливач, кој ја претставуваше нашата земја на ЛОИ во Париз.
Никола бил роден предвреме, првата операција ја имал на 5-месечна возраст, а денес е Олимпиец кој самоуверено руши државни рекорди.
Еве го текстот и фотографиите објавени на профилот на д-р Чадиковски:




Изгледаше мало, слабо, тивко.
А носеше во себе енергија што менува светови.
Родено предвреме.
Првата операција ја имаше на 5 месеци. Повторна битка на 4 години. Тоа беше малото тело со големо срце и душа.
Кога другите учеа да одат, тоа дете учеше да преживее.
Кога светот го гледаше како кревко, ние гледавме херој.
А денес е Олимпиец. Првак. Победник во водата и во животот.
Ова не е само приказна за спорт.
Ова е љубовна приказна меѓу медицината и животот.
Меѓу надежта и науката.
Меѓу лекарите и борците.
Најтешките битки ги водат најсветлите души.
А ние само сме им сведоци — и среќни што постоиме за нив. Се гордеам со тебе Никола.





