Тинејџер трагично си го одзеде животот поради закани и уценувања на кои бил жртва. Сега неговото семејство ја подигнува свеста за „сексторзија“ со цел ниту едно друго семејство да не помине низ истото.
Елајџа Хикок од Кентаки бил уценуван со голи фотографии од него, генерирани со вештачка интелигенција. За да не бидат објавени експлицитните фотографии, му биле побарани 3.000 долари. Не е познато дали Ели бил свесен дека фотографиите се лажни или не.
16-годишниот тинејџер си го одзел животот со огнено оружје во февруари оваа година.



„Не сакам ниту една друга мајка некогаш да се соочи со ова, ниту друг брат или сестра, ниту друг татко да се соочи со ова. Не сакам друго училиште да се соочи со вакво нешто како што се соочивме ние“ – рекла мајката на Ели, Шенон.
За трагичниот случај на нејзиниот син, таа објаснила:
„Започнаа да му бараат пари на Ели. Оваа личност му бараше 3.000 долари. 3.000 долари од дете, а сега ние бараме 30.000 долари за да го закопаме синот и да ги платиме медицинските трошоци... Не знаевме ништо за сексторзија, ниту како функционира тоа“ – рекла таа.
Една од последните негови пораки стои тетовирана на раката на мајка му.
„Запомни: Никогаш не престанувај да бидеш добра личност поради лоши луѓе“ – стои во пораката.

Полицијата сè уште води истрага за смртта на Ели. На страницата на ФБИ се вели дека постојано се зголемува бројот на жртви на сексторзија, форма на онлајн закана при која предаторот се заканува дека ќе објави експлицитни фотографии од жртвата освен ако таа не испрати уште фотографии или не плати пари.
„Во ФБИ има зголемен број на случаи во кои деца и тинејџери добиваат закани или се принудувани да испраќаат експлицитни фотографии онлајн – криминално дело наречено сексторзија.“
„Кај финансиската сексторзија, престапникот добива сексуално експлицитен материјал од детето, а потоа се заканува дека ќе го објави компромитирачкиот материјал освен ако жртвата не му испрати пари... Оваа закана резултираа со алармантен број на смртни случаи поради самоубиства“ – стои на страницата на ФБИ.


