Почетна » Новости » Животни стории » Не знаела дека е бремена и се породила во бањата

Не знаела дека е бремена и се породила во бањата

На 2. ноември Џоди Кена излегла порано од работа поради болки во стомакот и кога пристигнала дома веднаш влегла под туш. Но, она што таа мислела дека се обични грчеви и болки во стомакот, всушност биле породилни болки.

Само неколку минути откако влегла во бањата со цел да си ги олесни болките со топол туш, Џоди родила здраво женско бебе.

Џоди, Ален, Еви и нивната најмала ќерка ЕлизабетЏоди, Ален, Еви и нивната најмала ќерка Елизабет

25-годишната медицинска сестра која не ни знаела дека е бремена сама ја родила малата Елизабет.

Потоа му се јавила на својот сопруг Ален и го известила дека станал татко по втор пат. Тој веднаш пристигнал во нивниот дом. Во тој момент Џоди била во бањата опкружена со крпи. Наскоро пристигнала и нејзината мајка Илејн.

Изненадената баба признала дека се исплашила кога за прв пат го видела малото бебе: „Бев многу загрижена кога пристигнав таму, затоа што бебето беше сино. Ние само ја топлевме и ѝ реков на Џоди да се подготви за брзата помош.“

Џоди и Елизабет престојувале два дена во болница, но сега се дома и се чувствуваат одлично.

Докторите не знаат во кој месец од бременоста била Џоди, но судејќи според здравата тежина на бебенцето кое се родило тешко 3,3 килограми сметаат дека била блиску до деветтиот месец.

Ален и Џоди веќе имаат 5-годишна ќерка Еви и сите се пресреќни од неочекуваниот член на семејството. „Многу сме среќни со неа. Таа се чувствува многу добро и Еви е пресреќна што има мала сестра. Но, кога се случуваше бев преплашена. Не знаев дека сум бремена“ – изјавила Џоди.

„Звучи лудо, но акушерките велат дека се случуваат вакви работи. Ален беше во шок кога се врати дома и ме најде со бебе во рацете“ – раскажувала изненадената мајка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.