Почетна » Новости » Животни стории » Емотивно: Маж и жена болни од рак си ги обновија заветите на 23-годишнината од бракот

Емотивно: Маж и жена болни од рак си ги обновија заветите на 23-годишнината од бракот

Мет и Криси Стјуарт на специјален начин ја прославија 23-тата годишнина од бракот.

Заљубените сопружници си ги обновија брачните завети на церемонија на која присуствуваа нивните три деца и најблиските.

Овие моменти биле емотивни за целото семејство, бидејќи Мет и Криси се борат со различни видови на рак и не знаат дали ќе успеат да ги дочекаат свадбите на своите деца.

Мет и Криси Мет и Криси

Нивната ќерка Меди ги изненади појавувајќи се во венчаницата која нејзината мајка ја носеше на свадбата. 15-годишната девојка танцуваше со татко си, кој не успеал да си ги задржи солзите кога ја здогледал. „Сите плачеа“ – изјавил Мет за овој момент.

„Тоа ми беше омилениот дел од денот. Ова беше шанса да имаме свадбено искуство со нашето семејство, а особено со ќерка ни“ – изјавила Криси, која до олтарот беше придружувана од двата сина Џексон и Алекс.

Мет и Криси Мет и Криси Мет и Криси Мет и Криси Мет и Криси Мет и Криси Мет и Криси Мет и Криси Мет и Криси

Криси и Мет се запознале во 1999 година и се венчале три години подоцна.

Страшната дијагноза Криси ја добила во 2021 година. Нејзе ѝ била дијагностицирана ретка и агресивна форма на рак, наречена aнгиосарком, кој предизвикал појава на тумор со големина на лубеница во пределот на абдоменот.

Таа морала да мине низ операција и бројни хемотерапии и до ден-денес успешно се бори со болеста.

Минатата година, за жал, во семејството Стјуарт пристигнала уште една лоша вест. На Мет му бил дијагностициран рак на дебелото црево, кој се проширил и на мозокот и на белите дробови.

Тој сè уште прима хемотерапии и на социјалните мрежи споделува дека има останати само четири мали тумори на градите, кои се намалуваат благодарение на терапиите.

„Кога се оженив со Криси рековме: ‘Додека смртта не нè раздели’. Но, се надевав дека тоа ќе биде во нашите 80-ти години, а не во 40-тите“ – изјавил Мет.

Мет и Криси Мет и Криси

Брачните партнери со позитивно размислување и ведар дух ги водат овие битки со ракот и не се откажуваат. Тие сакаат да живеат за да ги гледаат своите деца како стапуваат во брак и како успеваат во нивните животи.

Мет и Криси

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25448 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.