Почетна » Новости » Животни стории » Добро дело за аплауз! Хрватскиот фудбалер Марцело Брозовиќ ја плати операцијата на 26-годишна Македонка

Добро дело за аплауз! Хрватскиот фудбалер Марцело Брозовиќ ја плати операцијата на 26-годишна Македонка

Марцело Брозовиќ покажа дека има огромно срце. Хрватскиот фудбалер уплати 3.000 долари за покривање на операцијата на Стаменка Трповска, која денес побара помош на социјалните мрежи.

Стаменка Стаменка

Откако беше создадена страница за донации на GoFundMe, Брозовиќ беше најзаслужен за надминување на зацртаната сума неопходна за операција на 26-годишната девојка.

Стаменка апелираше:

Ве молам споделувајте...

Драги пријатели, сега ми требате повеќе од било кога!

Инаку, некои од вас ме знаат, а некои тек ќе ме запознаат, но јас сум девојката која се бори со сопствениот колк и пробува на било кој начин да го спаси.

Првиот пат успеавме заедно и се супер беше, но се десија некои неочекувани работи кои мене ме вратија на штаки еве скоро цел месец не можам левата нога да ја мрднам и едвај со аналгетици успевам да станам на нозе за да можем испитувања да си направам.

Да појаснам: Ланската операција на колкот која ја направив во Белград, Србија беше успешна, но се десија некои компликации за кои морав пак итно да се оперирам во Србија. Но добро познатата причина за одлагање на се наречена корона ни ги промени животите на сите па така и на мене и чекајќи сево ова да помине и границите да се отворат за да ја заминам за Србија да се оперирам по втор пат ми се одложи. На средина на март месец требаше да заминам за Белград, но се откажа и јас така чекајќи пак завршив на штаки и тоа полошо од било кога. Искрена да бидам веќе не можам да издржам, ни спијам како што треба ни ништо од огромни болки. Па пак собрав храброст да ви се обратам на вас, драги мои пријатели поради тоа што сама не можам да се изборам со ова ниту физички ниту финансиски. Така што за ова мое лекување и пост оперативен третман ќе ме кошта 3000 евра за кои јас не можам да си ги обезбедам.

Како што слушнавме и прочитавме на порталите од вчера официјално се отворени границите, што значи дека можам сега да патувам и тоа што е можно поскоро.

Затоа најдлабоко и најискрено ќе ве замолам кој колку може да донира за оваа моја агонија конечноо да заврши и да продолжам нормално да чекорам. За мои 26 години мислам дека заслужувам подобар живот без болки.

Тука ќе ги оставам мојата денарска и девизна сметка и кој колку може нека донира и ве молам споделувајте! Ви благодарам однапред на сите!!!

Халк банк: 270700042513594

IBAN Code: MK07270700051478528
Bank name: Halkbank
SWIFT: EXPCMK22

Со назнака: Донација за Стаменка

Наскоро и броеви за донација!

Стаменка

Балкански фан клуб на Интер го сподели апелот за помош, а Марцело веднаш реагираше со донација.

Стаменка Стаменка Стаменка Стаменка

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9505 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.