Почетна » Новости » Животни стории » „Вие не сте само донатори, вие сте чудотворци“: Младиот Петар опериран во Турција благодарение на хуманите граѓани

„Вие не сте само донатори, вие сте чудотворци“: Младиот Петар опериран во Турција благодарение на хуманите граѓани

Благодарение на хуманите граѓани во нашата земја, уште еден херој ја продолжува битката за подобар живот.

Петар Попоски од Охрид, кој има тешка форма на сколиоза, беше успешно опериран во Истанбул, Турција, и вчера повторно се врати дома.

Петар Попоски

Позитивната вест беше споделена на Facebook страницата на Фондацијата Павел Андреев Македонија, како и на профилот на неговата мајка Гордана.

Прочитајте ја објавата на Фондацијата:

Нашиот херој Петар ја победи првата битка!

Со голема радост и неизмерна благодарност сакаме да споделиме дека Петар е успешно опериран и вчера се вративме дома. Храбро ја издржа тешката операција и денес е насмеан, полн со надеж и живот. Тој е вистински борец!

Од срце му благодариме на Проф. Д-р Чаѓатај Озтурк и на неговиот врвен тим од болницата Liv Hospital во Истанбул, кои се грижеа за Петар со љубов, посветеност и стручност. Благодарност до Господ што беше со нас секој чекор на патот.

Но ова не би било возможно без вас, хуманите срца.

Длабоко сме благодарни на секој донатор, на сите што дониравте преку Фондацијата Павел Андреев – вие не сте само донатори, вие сте чудотворци. Благодарение на вас, Петар доби шанса за живот. Вие сте светлината во нашите најтемни денови.

Нашето патување не завршува тука. Следуваат интензивни физикални терапии, со надеж да достигнеме ниво за роботска терапија и уште една сложна, но неопходна операција. Борбата продолжува, и ни треба вашата поддршка повеќе од кога било.

Помогнете му повторно на Петар да застане на своите нозе.

Секоја донација е чекор поблиску до неговото целосно оздравување.

Бидете дел од оваа животна приказна.
Бидете причината за уште една детска насмевка.
Бидете херои во неговиот живот.
Од срце ви благодариме. Ве сакаме сите.

Петар и неговото семејство

Петар Попоски

„Мојот Петар даде сè од себе и храбро издржа уште една тешка операција. Му благодарам на БОГ и на проф. Чагатај Озтирг и неговиот тим од болницата Liv во Истанбул, кои беспрекорно се грижеа за Петар.“

„Петар е среќен што ве има вас добри луѓе кои му помагате да продолжува успешно да се лекува за кое се потребни многу пари. Ние продолжуваме понатаму со интензивни физикални терапии и уште една операција и припрема со роботска терапија по препорака на доктор од физикална терапија од истата болница. Ве сака Петар“ – пишува на објавата на Гордана, која е самохрана мајка.

Да го отвориме срцето и да му помогнеме на Петар да застане на нозе.

Броеви за донации:

Телеком: 143-173

А1: 143- 470

Број на трансакциска сметка:
270-7000821760.21
Гордана Попоска
HALKBANK

За донации од странство:
IBAN: MK07270700082176215
SWIFT: EXPCMK22

Донирајте на следните линкови:

Линк за донации на Фондацијата Павел Андреев Македонија

Линк за донации на GoFundMe

Петар Попоски

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26005 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.