Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици.
Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.
По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби му се подобрени, но сега го чека нова борба. За да ја надмине апнеата, потребно е да прима терапија со 12 инјекции. Цената на целокупната терапија заедно со дополнителните лекарства изнесува 3.000 евра.
Семејството на Марко апелира до сите добри луѓе кои се во можност да помогнат со донации, за да се обезбедат средствата потребни за неговото лекување.

Броеви за донации:
А1: 143 482
Телеком: 143 109
Трансакциска сметка:
210501786673895
Марко Џолевски
НЛБ Банка