Соња и Марко Миротиќ конечно можат да се радуваат затоа што добија свое потомство.

По 22 години борба со неплодноста и 8 спонтани абортуси, 57-годишната Црногорка и нејзиниот 69-годишен сопруг му посакаа добредојде на нивното прво дете, кое е девојче. Нивната желба да станат родители конечно се оствари, благодарение на клинка од Скопје која ѝ помогнала на пресреќната мајка да забремени со ин витро и покрај возраста.
Соња се породила предвреме поради нејзиниот висок крвен притисок. Поради тоа, бебенцето морало да ги помине првите недели од животот во инкубатор, но сега е дома со своите родители.
„Се породив во 34-тата недела поради мојот висок крвен притисок, беше 220 со 110. Имаше борба, која ќе ја наречам преживување, но ете, фала му на Бога, останавме живи и едната и другата. Бебето месец дена беше на неонатологија во инкубатор. По три недели, излезе од болница“ – рекла среќната мајка, која заедно со сопругот ужива во грижата за нивното чедо.
„Ја храниме, ја гушкаме, ја бакнуваме, ја пресоблекуваме, малку напредува, малку грчеви има и тоа е тоа. Среќни сме, задоволни, полни со желба и енергија, задоволството нè обзеде и двајцата“ – додала таа.

Соња била пресреќна кога ја дознала убавата вест дека е бремена.
„Не можам да ви го опишам чувството... Почнав да скокам. Плачев, вриштев, се смеев, супер јас сум трудна. Тоа беше супер“ – рекла таа во видео на ДАН портал.
На сите парови кои поминуваат низ истите проблеми, Соња им порачува:
„Да веруваат. Прво да веруваат во себе и во својот партнер. Да имаат огромна желба за тоа. Нам по 22 години борба желбата ни се оствари. Да бидат упорни и желбата веројатно ќе им се оствари. Нека не се откажуваат“.
