Почетна » Здравје » Интимно » Македонска мобилна апликација за следење на месечен циклус – Caffetin Menstrual

Македонска мобилна апликација за следење на месечен циклус – Caffetin Menstrual

Преку глава ви е од броење на деновите за да го следите вашиот менструален циклус? Сега има лесен начин во секој момент точно да знаете кога ќе настапи месечниот циклус, предвиденото времетраење на циклусот, како и можност за дополнително предвидување на вашите плодни денови – мобилната апликација Caffetin Menstrual.

Македонската апликација е изработена од Алкалоид и е наменета за сите припаднички на понежниот пол кои користат смартфон со Android или iOS платформа. Преку неа можете да водите сопствена евиденција за циклусот и едноставно да се подготвите за „оние“ денови во месецот.

Овозможено е користење календар за визуализација на којшто може да се обележат сите нешта поврзани со циклусот и со овулацијата на жената, како симптоми, расположение, забелешки, користење таблети за намалување (неутрализирање) на болката и сл.

Освен календарот, можно е и водење дневник за менструација, плодност и за овулација, како и водење месечна и неделна статистика и правење споредби. Апликацијата може лесно да се сподели на социјалните мрежи, како и да се врши рангирање на Google Play и App Store.

Апликација Caffetin Menstrual

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.