Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Изговори кои ги користиме за да не се храниме здраво

Изговори кои ги користиме за да не се храниме здраво

Човековиот ум може да биде доста креативен кога е мотивиран, а вкусниот крцкав чипс, неодоливото чоколадо или омилениот брз сендвич се повеќе од доволна стимулација за да започнеме да смислуваме најразлични изговори за избегнување на здравата храна.

Се обидувате да се убедите дека заслужувате цело чоколадо само затоа што сте под стрес? Ги прескокнувате зеленчуците со изговор дека ви е потребно предолго време за да ги приготвите? Еве кои се најчестите изговори со кои го оправдуваме нашиот избор за консумација на нездрава храна:

ХранаХранаХранаХранаХранаХранаХранаХрана

„Не треба да слабеам, имам нормална тежина“

Да, здравата храна помага за слабеење, но тоа не е нејзината единствена добра страна. Таа е полна со витамини, минерали и диететски влакна кои се чувари на вашето здравје.

Вие може да имате нормална тежина, а сепак телото да се мачи да ги обезбеди потребните хранливи материи.

„Еднаш се живее, сакам да уживам максимално“

Имате право, животот е краток. Но, затоа никој не вели да го заборавите чоколадниот сладолед или омилената пица. Во ред е одвреме-навреме да се почестите со омилената калорична храна, идејата е да не претерувате. Ограничувањето на порциите е најефикасен метод за одржување на линијата.

Ако сакате да уживате во животот подолго, ќе мора да започнете повеќе да се грижите за тоа што ставате в уста.

„Под голем стрес сум, чоколадото ме смирува“

Можеби ќе се чувствувате поспокојно откако ќе изедете половина или цело чоколадо, но знаете ли дека таквото намалување на стресот трае само 3 минути? Потоа, поради наглото паѓање на шеќерот во крвта ќе ви се зголеми внатрешната нервоза.

„Здравата храна не е вкусна“

Ако сметате дека здравата храна не е вкусна, значи треба да побарате нови рецепти за нејзино приготвување. Правилниот избор на зачини и начин на готвење можат да ги претворат и зеленчуците во вистински специјалитет.

„Зависна сум од... чоколадо/газирани сокови/помфрит“

Веројатно сте слушнале дека брзата, пржена и калорична храна предизвикува зависност слична на зависноста од дрога. Ако сметате дека не можете да поминете ниту еден ден без вашата омилена порција нездрава храна, тогаш крајно време да ја исфрлите истата од вашиот живот.

Бидете упорни и малку по малку откажувајте се. Како што ќе поминува времето, така ќе ви биде полесно да ѝ кажувате „не“ на штетната храна, а „да“ на здравата.

„Ќе започнам пак од понеделник, и онака веќе згрешив“

Не треба да сте безгрешни во следењето на правилата за здрава исхрана. Ако претеравте вчера на роденденската забава, не значи денес да се откажете. Никој нема да ви замери за „грешката“. Важно е веднаш да се вратите во колосек.

„Овошјето веднаш се расипува, па затоа не купувам“

Секој ден давајте му на вашето тело барем по 2-3 овошни плода. Така брзо ќе ги испразните кесите со овошје и нема да дојде до скапување на плодовите.

Ставете ги овошните плодови на видливо место во кујната или најгоре во фрижидерот, за со секое отворање тие први да ви паѓаат в очи.

„Здравата исхрана бара многу време, а јас го немам“

Навистина е побрзо да намачкате лепче со чоколаден крем, отколку да миете зеленчуци и да сечкате салата. Но, што е побрзо од грабнувањето и грицкањето на јаболко?

Бидете креативни. Мијте ги зеленчуците еден ден претходно со цел да можете набрзина да си направите салата наредниот ден, држете при рака непечени јаткасти плодови за да не посегнете по чипсот... Треба да имате желба, а кога ќе имате желба, ќе пронајдете и време и начин да се храните здраво.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.