Почетна » Здравје » Совети за здравјето » Д-р Марија Костадиновска: Што се ментални болести, како да препознаете влошено ментално здравје и што да преземете?

Д-р Марија Костадиновска: Што се ментални болести, како да препознаете влошено ментално здравје и што да преземете?

Менталното здравје ја вклучува нашата емоционална, психолошка и социјална благосостојба. Тоа влијае на начинот на кој размислуваме, чувствуваме и делуваме кога се соочуваме со животот. Исто така, помага да се одреди како се справуваме со стресот, како се поврзуваме со другите и како донесуваме одлуки. Менталното здравје е важно во сите фази од животот, од детството и адолесценцијата до зрелоста и староста.

Жан Митрев

Што се ментални болести?

Менталните болести се сериозни состојби кои можат да влијаат на начинот на кој размислувате, вашето расположение и вашето однесување. Тие можат да бидат повремени или долготрајни. Тие можат да влијаат на вашата способност да се поврзувате со другите и да функционирате секој ден. Менталните проблеми се чести но сепак, постојат достапни третмани. Достапните терапии и психотераписки интервенции овозможуваат значително намалување на присутните симптоми и овозможуваат кај голем дел од лицата да се вратат во нормално секојдневно функционирање.

Зошто е важно менталното здравје?

Менталното здравје е важно бидејќи може да ви помогне:

  • Да се справувате со животниот стрес
  • Да бидете физички здрави
  • Да остварувате здрави врски
  • Да имате значаен придонес во заедницата каде живеете
  • Да работите продуктивно
  • Да го искористите вашиот потенцијал во целост

Вашето ментално здравје е исто така важно бидејќи може да влијае на вашето телесно здравје. На пример, менталните нарушувања може да го зголемат ризикот од телесни здравствени проблеми, како што се мозочен удар, шеќерна болест и срцеви заболувања.

Што може да влијае на моето ментално здравје?

Постојат многу различни фактори кои можат да влијаат на вашето ментално здравје, вклучувајќи:

  • Биолошки фактори, на пример генетски фактори
  • Животни искуства, како што се траума или злоупотреба
  • Семејна историја на проблеми со менталното здравје

Вашиот животен стил, како што се исхраната, физичката активност и употребата на одредени супстанции (алкохол или дрога).

Со преземање на одредени нови стилови на живеење како на пример: медитација и користење техники за релаксација, спортување може да се подобри квалитетот на менталното функционирање.

Дали моето ментално здравје може да се промени со текот на времето?

Животот е динамичен процес, се соочуваме со низа на животни предизвици кои може да влијаат менталното здравје да се промени. На пример, соочување со тешка ситуација, – соочување и справување со хронична болест, нега и грижа за болен роднина или постоење на финансиски проблеми. Ситуацијата може да ве исцрпи и да ја надвладее вашата способност да се справите со ново настанатите состојби. Ова може да го влоши вашето ментално здравје. Од друга страна, разговор на овие теми или примање на терапија може да ја подобри состојбата.

Жан Митрев

Кои се знаците за проблеми со менталното здравје?

Кога станува збор за вашите емоции, може да биде тешко да знаете што е нормално, а што не. Но, проблемите со менталното здравје имаат предупредувачки знаци, како што се:

  • Промени во навиките за јадење или спиење
  • Изолација од луѓето и активностите во кои сте уживале
  • Намалување или отсуство на животна енергија
  • Чувство на празнина или како ништо да не е важно
  • Необјаснети болки и немир/секирации
  • Чувство на беспомошност или безнадежност
  • Пушење, пиење или користење дроги/лекови повеќе од вообичаено
  • Чувство невообичаено збунето, заборавно, луто, вознемирено, загрижено или исплашено
  • Сериозни промени во расположението кои предизвикуваат проблеми во вашите односи
  • Мисли и спомени кои не можете да ги извадите од главата
  • Слушање гласови или верување во работи кои не се вистинити
  • Размислување да се повредите себеси или другите
  • Неможност да ги извршувате секојдневните задачи како што се грижата за вашите деца или одењето на работа или училиште
Жан Митрев

Што треба да направам доколку мислам дека имам проблем со менталното здравје?

Доколку мислите дека можеби имате проблем со менталното здравје, побарајте помош. Терапијата за разговор и/или лекови може да третираат ментални нарушувања. Доколку не знаете од каде да започнете, нашиот тим психолози и доктор специјалист по психијатрија ви стојат на располагање за да ви помогнат во решавање на вашите проблеми.

Закажете консултација на 02 3091 484

Медицина

Д-р Марија Костадиновска
Специјалист психијатар
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11415 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.