Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2023

Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2023

Јуни традиционално ни ги буди љубопитството и желбата за дружење. Контактирањето со многу лица ќе нè усреќува повеќе од вообичаено, па ќе ги зачестиме друштвените средби во актуелната сезона на близнаците.

Огнениот Марс и романтичната Венера ќе се здружат во лав, што значи дека страста ќе виори околу нас и ќе нè поттикнува да бидеме посмели на љубовен план. А тоа е невозможно да не резултира со жешки средби кои ќе ни го растреперуваат и срцето и телото.

Сепак, нема сè да биде така розово. Сатурн на 17 јуни ќе премине во ретроградно движење во риби, а на 30 јуни нему ќе му се придружи и Нептун. Големи се шансите да се соочиме со проблеми предизвикани од обелоденување на тајни или скриени намери. Ретроградните движења го „враќаат“ минатото, па можно е да воскреснат стари проблеми кои сме мислеле дека се закопани засекогаш.

Младата месечина на 18 јуни ќе донесе први бакнежи, вести за бременост, свршувачки, свадби... Време е за славење.

Најнаградени во јуни ќе бидат БЛИЗНАЦИТЕ, но и РАКОВИТЕ ќе бидат опсипани со среќа од небесните тела.

Датум Случување
4 јуни☽ Настапува полна месечина во стрелец
5 јуниВенера влегува во лав
11 јуниПлутон со ретроградно движење влегува во јарец
11 јуниМеркур влегува во близнаци
17 јуниСатурн преминува во ретроградно движење во риби
18 јуни☽ Настапува млада месечина во близнаци
21 јуниСонцето влегува во рак
27 јуниМеркур влегува во рак
30 јуниНептун преминува во ретроградно движење во риби

Табела: најважните датуми за месец јуни и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11477 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.