Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2021

Месечен хороскоп – ЈУНИ, 2021

Забава, дружење и безгрижност. Јуни ќе ни донесе игриви вибрации и со олабавувањето на мерките наметнати од пандемијата, ќе се враќаме во живот.

Под влијание на Сонцето, во првите три недели од месецов ќе бидеме желни за средби со интересни соговорници и ќе обожаваме да флертуваме со зборови.

Жешкиот Марс ќе ги подигнува температурите во спалните соби додека Венера ќе стави акцент на емоциите. Отворениот пристап во љубовта е најдобра стратегија за успешен романтичен сојуз.

Јупитер, планетата на среќата и богатството, на 20 јуни ќе започне да се движи ретроградно и ќе одложи некои наши амбициозни планови.

Позитивна вест е што Меркур ќе стави крај на ретроградното движење, отстранувајќи многу пречки кои не ни дозволуваа да го покажеме сиот наш потенцијал. Ќе исчезнат проблеми поврзани со документи, комуникација или патувања.

Најнаградени ќе бидат БЛИЗНАЦИТЕ и РАКОВИТЕ.

Датум Случување
2 јуниВенера влегува во рак
10 јуни☽ Настапува млада месечина во близнаци
11 јуниМарс влегува во лав
20 јуниЈупитер преминува во ретроградно движење во риби
21 јуниСонцето влегува во рак
23 јуниМеркур преминува во директно движење во близнаци
24 јуни☽ Настапува полна месечина во јарец
25 јуниНептун преминува во ретроградно движење во риби
27 јуниВенера влегува во лав

Табела: најважните датуми за месец јуни и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.