Почетна » Забава » Хороскоп » Месечен хороскоп – ЈУЛИ, 2022

Месечен хороскоп – ЈУЛИ, 2022

Јули ќе ни донесе фасцинантен микс од забава, романтика, практичност и авантура. Ќе бидеме спонтани во моменти кога ќе биде пожелно тоа, а супер сериозни во ситуации кои го бараат тоа од нас.

Во првата половина од месецот, акцентот ќе биде ставен на семејството, па ништо нема да ни биде поважно од среќата на најблиските.

Венера ќе стимулира многу парови да го кажат судбоносното ДА или да основаат семејство, што значи дека ќе имаме многу поводи за прослави.

Полната месечина на 13 јули е всушност супермесечина и ќе ги истакне нашите амбиции, но и желбата за љубов која трае, трае и трае.

Откако ќе започне сезоната на лавовите на 22 јули, возбудата само ќе расте и страста ќе нè води низ животот. Очекувајте зголемена самодоверба и дозволете си да бидете поспонтани.

Многу нови врски ќе се родат на 28 јули, кога ќе настапи млада месечина.

Најсреќни овој месец ќе бидат РАКОВИТЕ и ЛАВОВИТЕ.

Датум Случување
5 јулиМарс влегува во бик
5 јулиМеркур влегува во рак
13 јули☽ Настапува полна месечина во јарец
18 јулиВенера влегува во рак
19 јулиМеркур влегува во лав
22 јулиСонцето влегува во лав
28 јули☽ Настапува млада месечина во лав
28 јулиЈупитер започнува да се движи ретроградно во овен

Табела: најважните датуми за месец јули и движењето на небесните тела

Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11311 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.